Гравот е мешунка по потекло од Перу. Тој содржи голем број на витамини, минерали и влакна. Овие здрави хранливи состојки помагаат во намалување на холестеролот, триглицеридите и го намалуваат крвниот притисокот. Исто така можат да го намалат ризикот од коронарна артериска болест, дијабетес и остеопороза. Гравот содржи тиамин (витамин Б1) кој може да допринесе до одржување на нормално когнитивно и психолошко функционирање. Тој содржи фолна киселина која е многу корисна за трудниците. Гравот како и останатите мешункасти производи содржат протеини, но тие треба да се комбинираат со житарки како ориз или пченица затоа што не ги содржат деветте неопходни амино киселини за човекот.
Како да го припремите гравот?
Гравот може да биде припремен на различен начин. Може да биде додаток во салати, чорби или пак измелен во намаз. Најпознатиот специјалитет на македонска кујна е тавче гравче и подоле го споделуваме рецепт кој ќе може да го направите со леснотија во вашиот дом со нашиот Кибела грав.
Состојки:
– 500 гр Кибела грав
– 1 страк праз
– 2 главици кромид
– неколку везени суви пиперки
За запршка:
– 2-3 лажици брашно
– 1 лажица Кибела црвен пипер
– 1 лажица буковец
– 2-3 лукчиња
– масло по потреба
Зачини од Кибела :
мешан сув зачин, бибер, сол, оригано, по желба ловоров лист
Подготовка:
– Гравот го оставаме во вода преку ноќ. Го ставаме во експрес лонец да се вари заедно со излупениот кромид и сувите пиперки (некои 15 минути, а може и помалку зошто е откиснат). Дотураме вода сето ова да биде до ниво 2,5 литри. Значи ако правите гравче тавче ќе ви треба помалку вода за варење.
– За тоа време празот го сечкаме на ситно и го запржуваме на малку масло. Го ставаме во садот во кој ќе го печеме гравчето па го истураме и сваренето гравче во тавата.
– Откако ќе се свари гравот го вадиме кромидот и го пасираме.
– За запршката, на тивок оган во тавче го ставаме брашното, да ја испари влагата и малку да пожолти. Тогаш го ставаме маслото и ситно насечканото лукче да пушти мирис и вкус во маслото, па го додаваме црвениот пипер и испасираниот кромид. Промешуваме и оваа запршка ја промешуваме во гравчето и пржениот праз.
– Ги додаваме и зачините и убаво промешуваме. Ги редиме везените пиперки одозгора, го поклопуваме капакот на тавата и печеме во рерна на 200 степени.
– Пред крајот тргнете го капакот за да се потпече ама тоа направете го сосема кратко. Кога ќе биде готово гравчето треба сосема малку да има вода, а и таа ќе ја впие додека постепено се лади.