Чиата е супер храна со потекло од Мексико и Гватемала. Таа прво била одгледувана од Ацтеките и Маите и користена во подготовка на храна и лекови.
Чиата е природен извор на витамини и минерали а еве и неколку интересни факти за неа:
- Чиата содржи 5 пати повеќе калциум од млекото
- Чиата содржи 3 пати повеќе железо од спанаќ
- Чиата содржи 8 пати повеќе омега 3 од лосос
- Чиата содржи 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките
Исто така, чиата може да помогне со губење/одржување на телесната тежина, намалување на ризикот од срцеви заболувања и на нивото на шеќер во крвта. Оваа супер храна е одлична за тие кои се придржуваат кон безглутенска и веганска исхрана.
Како да ja припремите чиата?
Чиата ќе може да се искористи на разни начини. Може да направите пудинг користејќи 2 лажици од нашето Кибела чиа семе за пола чаша млеко по ваш избор и да го оставите преку ноќ во фрижидер. Исто така може да биде и замена за јајце мешајќи една лажица чиа со три лажици вода. Оставете ја смесата да отстои 15 минути додека не се направи во форма на гел.