Салата со леќа

  • Serving: 4
  • Difficulty:

Ingredients

  • 300 Гр. Леќа

  • 1 Морков

  • 1 Кромид

  • 2 Ловорови листа

  • 2 Чешниња Лук

  • 1 Целер

За прелив: 50g маслиново масло, сок од еден лимон, 1 чешне лук ситно сецкано, малку оригано, бибер, сол и свеж магдонос.

Леќата се вари на умерена температура, 30 минути пред крај на варење се додава зеленчукот сецкан на крупни парчиња. Додека се вари леќата подгответе го преливот, така што ќе ги промешате убаво сите состојки . Кога ќе се свари (внимавајте зрната да не се преварат), се цеди и се додава варената леќа(без зеленчукот), во подготвенот прелив. Се промешува и се остава да се излади во ладилник. Пред сервирање се додава магдонос.