Мошне карактеристично за лешникот е што машките цветови се жолто кафеави реси кои се јавуваат уште во септември, додека женските кои се одвоени од машките се јавуваат во текот на јануари и февруари, тие се збиени и личат на пупка.
Плодот е сокриен во зелена чашка.
Лешникот е далеку поотпорен на доцните мразеви, но цвета најрано од сите овошки на нашите простори. А во јужните делови цвета дури во декември и јануари. Кога се појави цветот тој може да опстане на ниски температури од – 20 ⁰ до – 25 ⁰C. Како овошка не страда многу од болести и штетници и не е потребна интегрирана заштита со многу хемија. Многу важно е обилно наѓубрување на почвата со органски ѓубрива и често наводнување.
Хранливата вредност на лешникот е слична со онаа на оревот.
Порано се расадувал со пресадување на изданци кои излегуваат од кореновиот врат. Во последниве години се оди на расадничко производство на лешници калемени и одгледани во растило на дошколување со голема нега како би се добила квалитетна и здрава садница.
Моментално застапени и се користат за плантажно садење следните сорти: истарски, римски, тонда џентаил, халски џин, давиана и негрето, јаглито, хале. Од искуство на одгледувачи лешникот најдобри приноси се постигнуваат кога на површината има комбинација од 2 до 3 сорти. Лешникот се сади на растојание 5м ред од ред до 4м во редот. Просек се добива од 5 кг до 7 кг лешници од 1 садница.
Стопанската вредност на лешникот е голема. Плодот претставува концентрирано и високо калорично овошје богато со масти, белковини, витамини и минерали. Тој наоѓа голема промена во кондиторската индустрија. Уште од јадрото на лешникот се добива висококвалитетно масло кое се користи не само во исхраната туку и во медицината, како и во козметичката индустрија.
Лешник – чувар на срцето
Јатките помагаат кај жолтица, проширени вени, воспаление на белите дробови, а се препорачува и кај лекувањето на низок крвен притисок, пролив, хемороиди …
Доколку барем една рака лешници се најди на вашиот секојдневен мени, нема да размислувате за високиот крвен притисок, или за висината на лошиот холестерол во крвта, а нутриционистите тврдат да токму порција од овој плод може да биде одлична алтернатива за ужина помеѓу оброците.
Штитат крвни садови
Лешник има благотворно и лековито дејствување на човечкиот организам. Одредени елементи во составот на плодот позитивно влијаат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенка кожичка на површината на плодот содржи полифеноли кои се совршена превентива од срцевиот удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис.
Лековит чај
Во народната медицина од кората на лешникот се прави чај кој се користи за облоги за отворени рани создадени од проширени вени на нозете. Чај е добар и како лековито средство против болки, а се користи и за лекување на хемороиди.
Плод полн со енергија
Поред орев, лешник е енергетски највредна продукт. Јадрото содржи 60 проценти масло, 15 проценти белковини, 10 проценти јаглени хидрати, 4 милиграми железо, калиум, калциум, витамин Б и Е. Поради големо количество на масти, не се препорачува кај диети, кај заболување на жолчката и зголемениот ниво на триглицериди во холестеролот во крвта.
Благотворна масажа
Масажа со масло од лешник се покажа како извонредно благотворно кај децата кои имаат проблеми со дишење и респираторни проблеми. Поради неговата позитивна особина да филтрира УВЕ зраци, често се користи во козметички препарати за заштита од сонце.
Силен антиоксиданс
Јатките содржат силни антиоксиданси како што е фитинска киселина. Таа го штити организмот од воспалителни процеси и може да го намали ризикот од појава на рак на дојка и простата. Лешник е богат со аргинин кои спречува раст на туморот и зајакнува имунитет.